Забавниот викенд заврши, а работната недела само што започна. Па, логично е понеделникот да биде наречен најочајниот ден во неделата и ден во кој луѓето најмногу се жалат.
Ново истражување покажа дека луѓето во понеделник наутро во просек се жалат по 34 минути. За споредба, во останатите денови од неделата жалењето и негодувањето трае по 22 минути.

Од 2000 учесници во истражувањето, третина изјавиле дека понеделник им е најомразениот ден во неделата, што е сосема нормално и очекувано.
Во понеделник на повеќето луѓе им е потребно подолго време за прилагодување пред да можат да им се вратат на вообичаените работни обврски. Понеделник е и денот кога најчесто можете да слушнете од колегите дека им недостига викендот, дека имаат еден тон неодговорени пораки и дека се уморни затоа што во претходните денови си легнувале подоцна или затоа тоа што имале многу активен викенд.