Почетна » Новости » Истражувања » Црвеното вино и чоколадото се одлични за мозокот

Црвеното вино и чоколадото се одлични за мозокот

Црвеното вино и чоколадото се добра храна за мозокот, особено кога се консумираат заедно, велат истражувачите и со тоа ни даваат одлична причина по вечерата да се почестиме со неколку коцки темно чоколадо и чаша црвено вино.

Жена со вино во ракатаКонсумирањето на вино и чоколадо истовремено е добро за работата на мозокот

Се верува дека полифенолите, кои во изобилство ги има во чоколадото и виното, ги прошируваат крвните садови и овозможуваат поголем проток на крв во мозокот. Тоа пак помага комплексните пресметки мозокот да ги прави побрзо и полесно.

Британските истражувачи дошле до овој заклучок откако направиле две истражувања. Во првото, на учесниците им била дадена капсула ресвератрол (магичната супстанција која ја има во црвеното вино и грозјето), а потоа од нив било побарано да решаваат аритметички задачи. Резултатите од ова истражување покажале дека кај учесниците е зголемен протокот на крв кон мозокот, но не било забележано подобрување во решавањето на аритметичките задачи.

Во второто истражување, на учесниците им бил даден чоколаден пијалок во кој имало неколку различни полифеноли и им било дадено да решаваат слични аритметички задачи. Резултатите покажале дека доброволците ги решиле задачите и побрзо и поточно.

Научниците тврдат дека полифенолите се поефективни кога се консумираат во комбинација, т.е. многу е подобро за вас ако со виното каснете и чоколадо, отколку да пиете само вино.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20790 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.