Почетна » Новости » Истражувања » Хормонски спреј ги прави мажите почувствителни

Хормонски спреј ги прави мажите почувствителни

Истражувачи од Универзитетот Бон во Германија тврдат дека можат да направат мажите да бидат чувствителни во иста мера како и жените.

За да го докажат тоа, тие прснале спреј окситоцин во ноздрите на 24 мажи и потоа им покажале емоционални фотографии како бебе што плаче, девојче што ја гушка својата мачка и маж што тажи.

Тажен мажХормонски спреј може да ги направи мажите чувствителни исто колку и жените.

Нивните реакции биле споредувани со реакциите на мажи кои не добиле од „емотивниот“ спреј. Емпатијата изразена од мажите била толку висока што научниците тврдат дека е еднаква со емпатијата што нормално би се очекувало да ја покаже жена.

Окситоцин е хормон кој се создава кај бремените жени за да го предизвика породувањето и да ја зајакне врската со нивното бебенце. Овој хормон се создава и при оргазам. Претходни истражувања покажале дека овој хормон помага за зголемување на довербата и желбата за вљубување, како и за намалување на срамежливоста.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20792 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.