Почетна » Новости » Истражувања » Љубомората ги „заслепува“ жените

Љубомората ги „заслепува“ жените

Кога зеленото чудовиште наречено љубомора ќе вмеша прсти во врската, не може да не се појават проблеми. Досега беше познато дека емоциите кои се појавуваат во врската влијаат на психичкото и физичкото здравје, но сега научниците докажаа дека љубомората влијае и на она што го гледаме.

Љубомора

Американски професори по психологија направиле експеримент со хетеросексуални парови. Во текот на експериментот паровите седеле на различни компјутери блиску еден до друг. На жената ѝ била дадена задача да пронаоѓа слики со пејзажи меѓу други страшни грозни слики.

Во истото време мажот требало да ја оценува привлечноста на пејзажите кои излегувале на неговиот екран. Кон средината на експериментот било објавено дека мажот треба да започне да ја оценува привлечноста на други слободни жени.

На крајот на експериментот жените биле запрашани колку им било непријатно нивниот партнер да им дава оценки на други жени. Колку што се чувствувала жената пољубоморна, толку повеќе нејзиното внимание било одвлечено од грозните слики во текот на експериментот и ѝ било потешко да ја пронајде метата (пејзажот).

Таквата „слепост предизвикана од емоциите“ се појавила само додека мажот ги оценувал другите жени.

Овој експеримент бил насочен само кон жените. Сè уште не е јасно каква ќе биде реакцијата на мажите ако кај нив се предизвика љубомора.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.