Почетна » Новости » Истражувања » Финансиско неверство: 30% ги лажат своите партнери за пари

Финансиско неверство: 30% ги лажат своите партнери за пари

Не е ретка појава луѓето да кажат некоја лага за тоа како ги трошат парите. Но, американско истражување покажа дека дури 30% од луѓето извршуваат т.н. „финансиско неверство“, кое понекогаш води до разделба или развод.

КавгаКај 67% од паровите, финансиското неверство довело до расправија

Според истражување иницирано од Форбс, а во кое учествувале 2019 возрасни лица, 31% од луѓето кои ги трошат парите заеднички со својот партнер не се искрени и кријат пари, имаат тајна банкарска сметка, кријат долг или пак не се искрени за тоа колку заработуваат.

И мажите и жените лажат подеднакво кога станува збор за парите, а дури третина од учесниците признале дека биле излажани во некој момент од животот.

Најчесто луѓето кријат купување на нешто мало (54%), 30% кријат сметка, 16% кријат купување на нешто големо, 15% кријат банкарска сметка, 11% лажат во врска со некој долг, а исто толку не се искрени за висината на нивната плата.

Финансиското неверство не само што ѝ штети на врската, туку може и да биде причина за нејзиниот крај. 67% од оние кои се соочиле со ваков проблем изјавиле дека тоа било причина за расправија, 42% признале дека тоа им ја намалило довербата во врската, 16% изјавиле дека лажењето за пари довело до развод, а 11% дека предизвикало разделба.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.