Почетна » Новости » Истражувања » Убавите луѓе се посреќни и побогати

Убавите луѓе се посреќни и побогати

Парите можеби не купуваат среќа, но убавината може да ви донесе и пари и среќа, се вели во ново истражување објавено денес.

Истражувачи од Тексас тврдат дека убавите луѓе во просек и заработуваат повеќе пари и се посреќни. За да стигнат до тој заклучок, тие анализирале податоци од 5 големи истражувања спроведени во периодот од 1971 до 2009 година во САД, Велика Британија, Германија и Канада.

Убава женаПривлечните луѓе се посреќни и заработуваат повеќе

Вкупно 25 000 луѓе биле испрашувани за тоа колку се среќни, а нивниот изглед бил оценуван лично од интервјуерите или преку фотографии. Резултатите покажале дека оние кои спаѓале меѓу 15% најпривлечни учесници биле повеќе од 10% посреќни од оние кои биле во 10% најнепривлечни учесници.

„Привлечните луѓе генерално заработуваат повеќе пари и стапуваат во брак со привлечни луѓе кои заработуваат многу“ – изјавил Даниел Хамермеш, кој го предводел истражувањето.

Иако заклучоците од истражувањето се однесуваат и на мажите и на жените, истражувачите велат дека убавината многу подиректно влијае на женската среќа, отколку на среќата на мажите.

„За жените е многу важно да шетаат по улица и да се чувствуваат привлечни. Кај мажите, убавината не влијае толку директно на среќата. Но, таа ќе ти донесе попривлечна жена, жена која повеќе заработува и што е најважно, поголема плата“ – објаснил Хамермеш.

„Мислете на тоа (убавината) како на врата преку која можете да дојдете до она што го сакате во животот – на интервјуа за работа, први состаноци или при оставање на прв впечаток, убедување на луѓето и влијаење врз нив... Привлечноста ви дава предност“ – со овие зборови го коментирал истражувањето професорот Тод Кашдан и дополнил дека констатациите од истражувањето се многу логични.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20801 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.