Почетна » Новости » Истражувања » Убавите жени – закана за здравјето на мажите

Убавите жени – закана за здравјето на мажите

Само пред неколку месеци научниците потврдија дека мажите прават сè за да го добијат вниманието на привлечните жени, дури и влегуваат во ситуации со кои си го ризикуваат животот. Сега пак, истражувачи стигнаа до заклучок дека убавите жени и на друг начин влијаат негативно врз здравјето на мажите.

Убава жена

Научниците тврдат дека е потребно мажот само 5 минути да биде во присуство на убава жена, за нивото на хормонот на стресот кортизол во неговото тело да се покачи. Овој ефект бил уште поизразен кај мажи кои сметаат дека жената е „надвор од нивната лига“.

За да го докажат тоа, истражувачите набљудувале 84 мажи кои требало да решаваат судоку. Кога во собата присуствувал маж, не било забележано покачување на нивото на кортизол кај учесниците, но кога во собата со нив присуствувала убава жена, кортизолот се покачил по 5-тата минута.

Кортизолот се создава кога лицето е изложено на физички или психички стрес и се поврзува со појава на болести на срцето. Тој може да има позитивен ефект кога е присутен во мали дози, но ако нивото на кортизол е постојано повишено, може да дојде до појава на дијабетес и импотентност.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20790 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.