Почетна » Новости » Истражувања » Тајната за долг живот: среќата и социјалните контакти

Тајната за долг живот: среќата и социјалните контакти

Луѓето отсекогаш се обидувале да најдат начин да си го продолжат животот. И благодарение на науката и различните истражувања, животниот век на човекот бавно, но сигурно се зголемува.

Баба и внукаЗа долг живот важни се среќата и социјалните контакти.

Со цел да откријат која е тајната на долгиот живот, истражувачи од Сиднеј испрашувале 188 мажи и жени кои имале барем 100 години. Еве некои од нивните заклучоци:

  • Само двајца од учесниците биле пушачи, иако 28% признале дека се бивши пушачи.
  • Скоро сите учесници консумирале алкохол, но во умерени количини.
  • Голем дел биле сè уште физички активни, а 60% од нив секојдневно оделе на прошетка или правеле одредени вежби.
  • Најголем дел од учесниците се опишале себе си како оптимисти и екстравертни личности.
  • Сите биле во стабилни односи со семејството. 88% имале контакт со членови на семејството еднаш или двапати неделно, а 26% секојдневно контактирале со своето семејство.
  • 76% од нив редовно учествувале во некакви групни активности, со пријатели или членови на семејството.

Професорот Робин Ричмонд, кој го предводел истражувањето, изјавил дека гените влијаат само со 20-30% врз шансите човек да живее до 100 години. Тоа значи дека карактерот и начинот на живот се клучни за долг живот.

Има и една добра вест за жените од ова истражување: било откриено дека жените непушачи имаат најголеми шанси да доживеат 100 години. Само секој четврти од 188-те луѓе над 100 години бил маж.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.