Среќата во животот на луѓето се движи по „U“ линија, велат научниците од Универзитетот Маастрихт. Тоа значи дека младите луѓе до 25 години и повозрасните луѓе над 65 години се најсреќни, а средовечните луѓе се најнесреќни.
Причината за тоа е што младите до 25-тата година се чувствуваат безгрижни и полни со надеж за добра иднина, оние над 50-тата година веќе немаат толку многу обврски и предизвици во животот, но луѓето кои се на средна возраст имаат безброј обврски и се активни во сите сфери на животот (кариера, грижа за семејството и сл.).
Кога луѓето се на 45-годишна возраст, нивната несреќа се израмнува со несреќата која би ја чувствувале ако ја изгубат работата или ако изгубат член на семејството.
„И 25-годишните и 65-годишните ќе се согласат дека е поубаво да имаш 25 отколку 65 години. Но, 65-годишните и покрај сè се позадоволни, затоа што научиле да се задоволни со она што го имаат“ – изјавил Берт ван Ландегем, којшто го предводел истражувањето.
Неодамна истражување на Американската национална академија за наука во кое учествувале 341 000 луѓе покажало дека нивото на среќата започнува да се зголемува во доцните 40-ти години и не започнува да се намалува до 85-годишна возраст.