Почетна » Новости » Истражувања » Среќата го продолжува животот

Среќата го продолжува животот

Насмевката и позитивното размислување не само што моментално ве прават поенергични и поведри, туку и ви го продолжуваат животот. Научниците дошле до јасни и убедливи докази дека среќата води до подобро здравје и подолг живот.

Истражувачи од Универзитетот Илиноис откриле дека позитивното расположение го намалува нивото на хормоните поврзани со стресот и го подобрува имунитетот.

Среќни луѓеСреќните луѓе имаат подобро здравје и подолг живот

Анализирајќи 160 различни студии, научниците дошле до заклучок дека анксиозноста, депресијата и песимизмот се поврзани со појавата на болести и скратен животен век. Исто така, било забележано дека луѓето кои чувствуваат силна лутина и бес или кои живеат во околина којашто им создава стрес, почесто се разболуваат и умираат порано.

„Бев скоро шокиран и секако изненаден кога видов колку постојани се податоците“ – изјавил Ед Динер, кој го раководел истражувањето.

Има многу истражувања во чии резултати се сомневаме, но најдобро е ова да го прифатиме како вистинито.

Пронајдете нешто што ве прави среќни и не дозволувајте да ве измачуваат негативните мисли. Гледајте ја чашата како „полна до половина“, а не како „полупразна“ за да си го подобрите здравјето и да живеете подолго.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20801 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.