Почетна » Новости » Истражувања » Смеењето ќе ве направи уште посреќни

Смеењето ќе ве направи уште посреќни

Еден од најдобрите совети е почесто да се смеете, дури и кога не чувствувате среќа, затоа што за кратко време насмевката ќе повлијае на вашите емоции и ќе се почувствувате посреќни.

Истражување спроведено од њујоршки психолози покажало дека смеењето ја зголемува среќата.

БотоксБотоксот ја ограничува насмевката и со тоа ја намалува среќата

Научниците откриле дека ако луѓето не можат да се смеат кога чувствуваат среќа, таа информација оди до мозокот и се намалува интензитетот на емоцијата. За да дојдат до тој заклучок, тие ги проучувале емоциите на луѓето пред и по употребата на Botox.

На учесниците им биле покажувани емотивни видеа пред да добијат доза Botox или Restylane (супстанција којашто ги полни усните или брчките) и потоа. Restylane бил употребен затоа што ги прави усните пополни, но не ги ограничува движењата на мускулите.

Кога биле споредени резултатите од двете групи, било утврдено дека откако учесниците примиле доза Botox, интензитетот на нивните емоции значително се намалил, во споредба со интензитетот којшто го чувствувале пред примањето на Botox-от.

Ограниченоста на луѓето при правењето на фацијални изрази води до ограничена способност за чувствување на емоции. Ако се смеете, тоа ќе ви помогне да се чувствувате посреќни, а ако се муртите, тоа ќе ви го расипе расположението.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.