Почетна » Новости » Истражувања » СЗО: Колбасите, сланината и виршлите предизвикуваат рак

СЗО: Колбасите, сланината и виршлите предизвикуваат рак

Преработеното месо (сланина, колбаси, виршли, салами и сл.) предизвикува рак, потврдува Светската здравствена организација.

Консумирањето на само 50 грама преработено месо дневно го зголемува ризикот од рак на дебело црево со 18%. Во најновиот извештај на СЗО е наведено дека и необработеното црвено месо веројатно е канцерогено.

Месо

Влијателна група од 22 експерти од 10 земји во светот го класифицираа преработеното месо како „канцерогено за луѓето“, додека црвеното месо како „веројатно канцерогено за луѓето“. Консумацијата на црвено месо се асоцира и со рак на панкреасот и рак на простатата.

Месо

Сепак, експертите тврдат дека тоа не значи да престанете да јадете црвено и преработено месо, туку да не претерувате.

„За една индивидуа, ризикот од развој на рак на дебелото црево поради консумација на преработено месо останува мал, но тој ризик се зголемува со количината на консумирано месо“ – изјавил доктор од СЗО.

Месо

„Луѓето треба да ја ограничат консумацијата на црвено месо и да избегнуваат внесување на преработено месо, но исто така треба да имаат разновидна исхрана богата со растителни влакна од овошје и зеленчук, да одржуваат адекватна телесна тежина во текот на својот живот, да ја ограничат консумацијата на алкохол и да бидат физички активни“ – рекла д-р Тереза Норат, потенцирајќи дека повеќе фактори влијаат врз појавата на рак на дебело црево.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18913 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.