Шминката е значаен дел од секојдневието на жените и многу жени никогаш не би излегле од дома без шминка.
Ново истражување на компанијата Superdrug покажа дека третина од жените никогаш не би излегле од дома без да се нашминкаат, без разлика дали излегуваат со друштво или одат до продавница.
Но, за дел од жените шминкањето не е ритуал кој се прави само пред излегување од дома. Една од десет жени признала дека никогаш не би си дозволила нејзиниот партнер да ја види без шминка. Дури 14% од учесничките признале дека наутро стануваат порано за да можат да се нашминкаат пред нивниот партнер да се разбуди.
Жените ѝ придаваат големо значење на шминката кога станува збор за љубовниот живот. Така, третина од жените сметаат дека нивниот сегашен партнер никогаш не би ги сметал за привлечни ако не биле нашминкани кога за прв пат се запознале со него.
Интересен заклучок е дека просечната жена чека да изминат барем 2 и пол месеца пред да си дозволи да се појави пред нејзиниот партнер без шминка.
Но, жените сметаат дека шминката не е важна само за љубовниот живот, туку и за нивната кариера. Скоро 60% од жените никогаш не би отишле на работа без шминка на лицето. 37% сметаат дека ако не се шминкаат нема да бидат земени во предвид кога ќе дојде момент за унапредување, затоа што би оставиле впечаток дека не се грижат за себе.
Откако ги проучиле навиките на 3000 жени, истражувачите заклучиле и дека скоро половината жени претпочитаат да користат шминка наместо да излегуваат со „голо“ лице.