Почетна » Новости » Истражувања » Секоја десетта жена редовно глуми оргазам

Секоја десетта жена редовно глуми оргазам

Женскиот оргазам секогаш предизвикувал дискусии и полемики. Факт е дека дел од жените глумат оргазам поради една или друга причина и мажите многу ретко го забележуваат тоа.

Истражување спроведено во Британија покажало дека скоро половината од жените имаат изглумено оргазам некогаш во животот и дека дури 9% од жените глумат оргазам за време на секој сексуален однос.

ОргазамПоловина од жените имаат изглумено оргазам барем еднаш во животот

Секоја петта жена признала дека не е задоволна од својот сексуален живот. 16% од учесничките во истражувањето изјавиле дека сексот не ги задоволува поради отсуството на предигра, а 11% поради предвремениот оргазам на нивниот партнер.

Исто така, 20% од жените признале дека помислуваат на друг маж за време на секс, за полесно да достигнат оргазам.

Истражувачите советуваат жените отворено да зборуваат со своите партнери, затоа што сметаат дека мажите никогаш нема да знаат дека нешто не е во ред, освен ако нивната партнерка не им каже за тоа.

Интересен е фактот што 38% од жените сметаат дека нивниот партнер не може да направи разлика помеѓу вистински и фалшлив оргазам.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.