Почетна » Новости » Истражувања » Секој петти што е во врска е заљубен во некој друг

Секој петти што е во врска е заљубен во некој друг

Многу често се случува луѓето што се во врска да започнат да имаат чувства за некој друг. Истражување на OnePoll покажа дека секој петти што е во врска е заљубен во трета личност.

Маж со две жениМажите многу почесто се заљубуваат во некоја друга

Истражувањето во коешто учествувале 3000 лица покажало и дека секој четврти човек не е целосно среќен во врската.

Но, и тие што биле задоволни од својата врска не се баш најверните личности на светот. Дури половината од нив изјавиле дека понекогаш имаат чувства за некој друг, а секој шести од нив признал дека имал и афера.

Со ова истражување било установено дека чувствата за третата личност во просек траат 3 години и 3 месеци и дека таа трета личност најчесто е колега од работа, бивши партнер или пријател.

Мажите многу почесто се заљубуваат во некоја друга. Дури 22% од испитаните признале дека истовремено сакале две жени. За разлика од нив, само 15% од жените изјавиле дека се нашле во ситуација да сакаат двајца истовремено.

Мажите исто така полесно би ја напуштиле постојаната партнерка за друга жена. Скоро 30% од мажите кажале дека планираат да ја напуштат својата партнерка за друга жена, а само 19% од жените го кажале истото.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.