Почетна » Новости » Истражувања » Секој 20-ти маж би раскинал со партнерката ако таа се здебели 3kg

Секој 20-ти маж би раскинал со партнерката ако таа се здебели 3kg

Ретки се оние кои успеваат да ја одржат својата тежина и да не качат некое килце плус за време на празниците. Во периодот по празниците жените започнуваат да паничат за зголемената тежина и веднаш бараат начини да си ја вратат витката линија.

Истражување на британска фирма за продукти за слабеење покажало дека жените треба да се загрижуваат за својата тежина ако сакаат да го зачуваат својот партнер.

Резултатите од нивното истражување покажале дека зголемувањето на тежината на жената со 3,5 килограми може да предизвика на нејзиниот партнер да започнат да му „шараат“ очите.

Жена со метро42% од мажите би ја сметале својата партнерка за помалку привлечна ако таа се здебели само со 3,5kg

Дури 42% од мажите кои учествувале во истражувањето признале дека ако нивната партнерка се здебели со 3,5 килограми би ја сметале за помалку привлечна, а 5% би отишле во крајност и би ѝ раскинале.

Од друга страна, жените не ја асоцираат толку многу привлечноста на мажите со килограмите. Само 7% од жените изјавиле дека би го сметале својот партнер за помалку привлечен ако качи некое килце.

Скоро 75% од сите интервјуирани го посочиле зголемувањето на тежината како најодбивно, 34% го кажале тоа за прекумерната влакнетост, 18% за проблематичната кожа и 11% за лошиот здив.

„Многу е лесно да се покачи тежината, особено кај жените, па ако вашиот партнер е толку површен за да ве откачи, тогаш можеби не требало да бидете со него уште на почетокот“ – изјавил претставник на компанијата која го направила истражувањето и дал совет дека сите треба да се стремат да одржуваат нормална телесна тежина.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.