Љубовта го подобрува здравјето. Прегратките, допирите и милувањата преку кои ја искажуваме љубовта имаат многу позитивно влијание, бидејќи го редуцираат стресот, ја намалуваат болката и помагаат за одржувањето на цврста врска. Со новите истражувања научниците уште еднаш докажаа колкава позитивна моќ имаат прегратките и допирите.
Американски научници тврдат дека држењето на раката на саканиот значително ја намалува болката. Тие откриле дека допирот на саканиот или гледањето во него делува како анестетик, особено за жените. Понекогаш потребна е само фотографија од саканиот за да се појави таков ефект.
Истражувачи од Универзитетот Калифорнија повикале 25 студенти кои имале одлични односи со партнерот барем во текот на 6 месеци. Тестовите покажале дека младите жени на кои им била предизвикувана слаба болка помалку се тревожеле кога гледале во фотографии од своите партнери.
Во друг експеримент, на жените им била причинувана кратка остра болка (како од убод) додека ја држеле раката на партнерот, раката на непознат маж или додека стегале топче.
Оние жени кои ја држеле раката на својот сакан изјавиле дека чувствуваат послаба болка, во споредба со оние кои ја држеле раката на непознат или оние кои во раката држеле топче.
Истражувачите сметаат дека ова истражување може да објасни зошто децата кои се болни или кои се удриле се чувствуваат подобро откако нивната мајка ќе ги бакне.
Друго истражување пак открило дека и галењето на домашно милениче може да ја намали болката. Пациентите кај кои била направена операција на колковите или коленото имале потреба од помалку лекови против болка ако биле редовно во контакт некое домашно животно.
Психологот Лудвиг Ловенстејн пак тврди дека тајната на среќниот брак е... 4 прегратки дневно.
Па, не ги штедете прегратките, бакнежите и допирите.