Почетна » Новости » Истражувања » Повозрасните жени имаат поубав сексуален живот

Повозрасните жени имаат поубав сексуален живот

Жените во текот на нивните 20-ти години сè уште откриваат што сакаат на сексуален план, но жените во 40-тите и 50-тите години знаат точно што сакаат, имаат поголема самодоверба и се чувствуваат покомотно со својот партнер, па затоа имаат и поубав секс.

Пар во креветСредновечните жени повеќе уживаат во водењето љубов, отколку жените од помладите генерации

Тоа е заклучокот на истражување во кое учествувале 600 жени на различни возрасти. Истражувачите се категорични: средовечните жени уживаат повеќе во водењето љубов, отколку жените од помладите генерации. Тие не само што имаат почесто секс, туку и сексот им носи поголемо задоволство.

Скоро 54% од жените на возраст од 18 до 30 години имаат потешкотии при достигнувањето на оргазам, а само 43% од жените на возраст од 31 до 45 години го признале истото.

Дури и жените на возраст од 46 до 54 години почесто доживуваат оргазам. Само 48% од нив изјавиле дека имаат проблеми со достигнувањето на врвната точка.

Американските научници откриле и дека сексуално најактивни се жените од 31 до 45 години. Дури 87% од нив изјавиле дека имаат секс редовно. Кај жените на возраст од 18 до 30 години овој процент изнесувал 85.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.