Мнозинството жени имаат одглумено оргазам барем еднаш во својот живот. Тоа не е ништо ново и истото го покажале стотици истражувања, но малку од нив имаат за цел да откријат кои се причините поради коишто жените лажат дека го достигнале врвното задоволство.
Ново американско истражување ја имаше токму таа задача – да открие зошто жените глумат оргазам, а резултатите сигурно нема да им се допаднат на претставничките на понежниот пол.
Според научниците, жените не глумат оргазам за да го заштитат егото на својот партнер, туку поради страв од интимност и поради своите несигурности.
Ерин Купер од Темпл Универзитетот во Филаделфија ги проучувала сексуалните навики на 366 жени на возраст од 18 до 32 години, кои признале дека глумат оргазам. Многу од овие жени изјавиле дека глумат оргазам затоа што се плашат од интимност, други пак затоа што се несигурни за реакциите на своето тело за време на секс, а трети затоа што сакале сексот да заврши што поскоро.
Оние кои се плашат од интимноста глумат оргазам за емотивно да го чуваат партнерот малку подалеку од нив, а други го прават тоа за да го прикријат својот срам предизвикан од фактот дека не се сексуално возбудени. Жените кои сакаат веднаш да го завршат сексуалниот однос можно е да го прават тоа затоа што им е тешко да допуштат некој претерано да им се приближи, можно е да не се чувствуваат поврзани со својот партнер и можно е да не чувствуваат задоволство од сексот.
Мал дел од учесничките глумеле оргазам за да си го подобрат своето сексуално искуство, т.е. за повеќе да се возбудат.
Експертите предупредуваат дека овие причини можат да имаат негативен ефект на врските и дека партнерите треба секогаш да се трудат да имаат отворена комуникација помеѓу себе.
Сепак, глумењето оргазам не треба да се поврзува само со жените. Околу 25% од мажите признале дека имаат излажано своја партнерка за достигнувањето на врвното сексуално задоволство.