Бијонсе, Џенифер Лопез и многу други жени со облини се сметани за сексуално привлечни, а сега научниците открија и зошто.
Според истражување спроведено во Џорџија, САД, кога мажите гледаат во жена со облини, ним им се активира дел од мозокот кој се асоцира со чувство за награда.
Во текот на истражувањето, на 14 мажи им биле покажани слики од 7 жени. Потоа, истите тие жени направиле пластични операции за зголемување на својот задник. Масното ткиво од областа на половината им било пренесено на задникот. Откако мажите ги виделе фотографиите со новиот облик на телото на седумте жени, скенирањата покажале дека кај нив се појавила зголемена активност во делот од мозокот поврзан со награда и во области кои се активираат како резултат на консумирање на дрога или алкохол.
Научниците веруваат дека овој заклучок ќе им помогне подобро да ја разберат зависноста од порнографски материјали.
Фигурата „песочен часовник“ отсекогаш била сметана за привлечна, а ова истражување само го потврдува тоа.