Почетна » Новости » Истражувања » Незадоволството од изгледот на телото го уништува сексот

Незадоволството од изгледот на телото го уништува сексот

Модерната жена можеби изгледа самоуверено со облека на себе на улица, но кога облеката ќе падне во спалната, работите изгледаат поинаку.

Дури 73% од жените го сметаат својот изглед како препрека за да се опуштат и да уживаат во сексот. 73% од жените сметаат дека стомачето или широките колкови им влијаат негативно на сексуалниот живот.

Проблеми во сексот73% од жените го сметаат својот изглед како препрека за да се опуштат и да уживаат во сексот.

Истражување на списанието Космополитен откри дека три од четири жени се жалат од изгледот на своето тело. Некои од нив сметаат дека немаат доволно секси облини, други пак ги мразат своите облини, а мажените жени најмногу се жалат дека стриите им попречуваат да се препуштат слободно во прегратката на партнерот.

Популарното списание анкетирало 3000 жени на возраст од 18 до 40 години за да открие и дека три од пет жени глумат оргазам.

Но, не е сè толку „црно“ за жените. Една третина од анкетираните изјавиле дека моментално го имаат најубавиот секс во нивниот живот.

Половина од анкетираните ја ставиле смислата за хумор на врвот на листата на работи кои ги бараат кај мажите, а лошата хигиена кај мажите е најодбивното нешто за жените.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.