Почетна » Новости » Истражувања » Не вреди да трошите пари за креми против брчки со колаген

Не вреди да трошите пари за креми против брчки со колаген

Стотици, ако не и илјадници компании тврдат дека кремите кои содржат колаген ги измазнуваат брчките. Но, во истражување на Sense About Science објавено денес, научниците тврдат дека парите за купување на такви креми се непотребно фрлени.

Тие објаснуваат дека кремите со колаген не делуваат затоа што молекулите на колагенот се преголеми и многу малку од нив успеваат да влезат во кожата. Па така, големите молекули на колагенот остануваат на површината на кожата сè додека не бидат измиени со вода.

Жена што си става кремаНаучници тврдат дека кремите против брчки со колаген не се особено ефективни

Колагенот е протеин кој на кожата ѝ дава цврстина и еластичност, но неговото количество се намалува со стареењето. Токму поради тоа, колагенот е клучна состојка во многу креми кои ветуваат дека ја обновуваат кожата и ги измазнуваат брчките.

Научниците сега го оспоруваат таквото благопријатно дејство на колагенот. „Идејата создадена од многу од овие производи е дека колагенот може да се пробие низ горните слоеви на кожата и да го збогати нашиот природен колаген, но ова е апсурдно. Факт е дека колагенот е голема молекула, а кожата е дизајнирана за таквите супстанции да останат надвор од неа“ – објаснил професорот Ричард Гај.

„Навистина се фрустрирам кога ќе видам реклама за крема против брчки што содржи колаген. Иако колагенот е многу важен за интегритетот на кожата, молекулата на овој протеин е многу поголема отколку што е потребно за да помине низ бариерите кои ги поседува кожата“ – изјавила за Dailymail д-р Бланка Сингерова од Универзитетот Оксфорд.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.