Почетна » Убавина и мода » Лице » 18 трикови и совети како да изгледате помлади

18 трикови и совети како да изгледате помлади

Се плашите дека годините започнуваат да се покажуваат на вашето лице? Не сте сами. Илјадници жени секојдневно стоејќи пред огледало размислуваат како стареењето се одразува на нивната убавина и целосен изглед. Но, наместо беспомошно да се предадете на природниот процес на стареење, активно борете се да ги минимизирате знаците кои го издаваат бројот на вашите родендени.

Негувана возрасна женаНегата на кожата и правилниот избор на шминка можат значително да го подмладат вашето лице

Искористете ја вашата мудрост и надополнете ја со следните совети и трикови за да ја зачувате вашата возраст во тајност и секогаш да добивате коментари дека изгледате негувано и младолико:

  1. Користете розови и крем лакови за нокти. Обојувањето на ноктите со полу-проѕирни, розови или крем лакови го одвлекува вниманието од старечките дамки кои се појавуваат по кожата на рацете.
  2. Негувајте кратки нокти. Долгите нокти го потенцираат присуството на испакнатите вени на рацете или истакнатите ковчиња на прстите. Најдобро е да одржувате должина на ноктите од околу 3-5 милиметри.
  3. Одржувајте ја цврстината и еластичноста на кожата на рацете. Додека чистите со силни средства, користете ракавици за да го спречите прекумерното сушење на кожата на рацете. Пред спиење и секогаш кога имате можност во текот на денот, негувајте ги рацете со крем со глицерин или шеа путер за да им го вратите младешкиот изглед. Можете да користите и крем за избелување за да ги елиминирате старечките дамки.
  4. Засилете ја белината на забите. Белите заби ќе ве поттикнат повеќе да се насмевнувате, а истражувањата покажуваат дека луѓето ги перципираат како помлади насмевнатите лица. Еднаш неделно правете паста од една лажичка сода бикарбона и неколку капки 3% хидроген и со неа четкајте ги забите една минута. Ефектот е забележлив.
  5. Спречете ја појавата на испукани усни. Редовно користете балсам за усни за да го елиминирате појавувањето на „брчки“ на усните. Барем двапати неделно правете си пилинг од шеќер и мед и протријте ги нежно усните за да ги омекнете и да го отстраните грубиот слој. И што е најважно, искоренете ја навиката за оближување на усните.
  6. Погрижете се за влакненцата на лицето. Повозрасните жени, а особено оние кои се во периодот по менопаузата, може да забележат дека на нивното лице се појавиле влакненца над усните и на брадичката кои претходно ги немало. Влакненцата предизвикуваат лицето да изгледа погрубо и постаро. Во денешно време постојат најразлични начини за отстранување на овие влакненца – од евтина депилација со ленти до скапи потрајни третмани за елиминирање на влакненцата. Изберете метод според вашите можности и решето го овој „проблем“.
  7. Забранете си ја употребата на темни мат кармини. Темните кармини прават усните да изгледаат потенки, а мат финишот уште повеќе го надополнува тој ефект. Ако сакате да изгледате помладо, користете посвежи бои на кармин, како розова, и користете сјај. Сјајот ќе направи усните да ви изгледаат пополни. Ако не сте обожаватели на сјајот за усни, користете кремасти кармини со сатенски финиш.
  8. Заборавете на предолгата коса. Предолгата коса само го „остарува“ вашиот изглед. Најдобро е должината на косата да биде некаде до рамената. Потстрижете се на слоеви, бидејќи тие ѝ даваат на косата волумен и разиграност.
  9. Подмладете се со шишки. Потстрижувањето на шишки е најбрз начин за прикривање на брчките на челото, а се уште попривлечни затоа што го насочуваат вниманието кон очите.
  10. Негувајте ја кожата на вратот исто како што ја негувате на лицето. Повозрасните жени често изгледаат како 40-годишни над брадичката, а 60-годишни под неа. Зошто? Затоа што фокусирајќи се на негата на кожата на лицето, забораваат на вратот. Запомнете дека вратот не е ваш пријател, затоа што ги издава годините. Поради тоа, секогаш кога нанесувате на лицето крем со SPF или крем против стареење, нанесете и на вратот.
  11. Користете крем со SPF, дури и во зима. На нашите простори луѓето се упатуваат кон кремите со заштитен фактор во супермаркетите единствено пред да заминат на летен одмор. Вистината е дека кожата секојдневно треба да се заштитува од сонцето. Тоа е најлесниот и најсигурниот начин за спречување на знаците на стареење, меѓу кои и појавата на брчки. Користете крем или мејкап производи са заштитен фактор од 15 до 30. Нанесувајте го околу 20 минути пред излегување од дома и не го користете само во лето, туку и во текот на зимските месеци.
  12. Борете се против брчките со крем со ретинол. Ретинолот ја намалува видливоста на ситните брчки и го стимулира производството на колаген, којшто ја прави кожата поеластична и помазна.
  13. Создајте илузија на пополни образи. Со текот на годините образите кај повеќето жени стануваа повдлабнати и тоа остава впечаток на изморено лице. За да создадете илузија на пополни образи, нанесувајте руменило врз јаболкниците, а не под нив како што се прави за контурирање на лицето. Никогаш не ставајте темно руменило во вдлабнатините на образите.
  14. Постигнете природен изглед на напудреното лице со топлината на дланките. По нанесувањето на пудра, доближете ги вашите дланки една до друга и протријте ги брзо неколку пати за да се затоплат. Потоа, поставете ги на лицето 5 секунди. Топлината ќе ѝ помогне на пудрата подобро да се припие за кожата на лицето и на овој начин слојот пудра нема да биде толку очигледен.
  15. Променете ја палетата на бои на шминка. Заљубени сте во темнокафеави и светло крем сенки за очи или пак во бронзено руменило? Можеби треба да размислите за промена. Руменилото во розова и боја на праска или кајсија ќе ви даде многу посвеж и помладешки изглед отколку бронзеното руменило. Темнокафеавите и пастелните сенки за очи заменете ги со потопли нијанси кои ќе им дадат живост на вашите очи.
  16. Потенцирајте го обликот на очите. Со стареењето започнуваат да натежнуваат очните капаци и да ги подзатвораат очите. За да го минимизирате тоа, користете маскара и молив за очи за оцртување на контурите на очите.
  17. Оцртајте ги веѓите. Со годините веѓите стануваат поретки, а во некои случаи и побели. Користете молив за оцртување на веѓите или сенка за очи за да им ја вратите густината и силната боја.

Шопинг совет

  1. Носете блузи со „V“ израз на деколтето. Кога сте на шопинг, прескокнувајте ги блузите кои имаат заоблен полукружен израз на деколтето, бидејќи тие ги потенцираат овиснатите гради. Наместо нив, избирајте блузи со „V“деколте.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20944 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.