Почетна » Убавина и мода » Лице » Освежени и подмладени во новата година со светски третмани

Освежени и подмладени во новата година со светски третмани

Еве сме на прагот на празниците, убав период во којшто секој сака да се прикаже во најубаво светло. Каква и да ни била година што изминува, сите со радост го чекаме доаѓањето на Новата година, секако со мотив за нов, младешки и поубав изглед.

Себепретставувањето почнува со лицето, кое треба да биде свежо и негувано. Без разлика на обврските кои ги имате, убаво би било да одвоите малку време за себе и да направите третман, кој како со магично стапче ќе Ви го врати свежиот и младешки изглед на здрава, затегната и еластична кожа. А уште подобра вест е што еластичноста и свежината на здрава и убава кожа, ќе Ви траат цела година и повеќе.

Убава жена

Ординација д-р Анчевски во делот на естетската дерматологија ви предлага современи процедури за корекција на брчки и ремоделирање на лице со ботокс и различни типови на филери спрема индивидуалните потреби (филери за пополнување на усни, филери за пополнување на јагодици, филери за пополнување на образи, врат и раце) радиес, скулптра, мезоконци, ПРП, комбинација на најнови ласерски техники коишто единствено и ексклузивно се изведуваат само во ординација д-р Анчевски како и освежување со мезотераписки коктели. Намерата ни е да Ви кажеме неколку факти за овие сензационални холивудски третмани кои се хит во светот, сè со цел да Ве мотивираме да се одлучите на ваков чекор пред прагот на Новата година.

  • Ботоксот идеално ги решава брчките на челото, околу очите и меѓу веѓите. Трае до 6 месеци, а потоа е биоразградив и постепено се губи ефектот. Кога го аплицира дерматолог со сертификација за таа процедува е безбеден третман со совршен резултат.
  • Филери, самото име кажува дека тие нешто пополнуваат. Ги пополнуваат брчките односно браздите кои се јавуваат од носот до аглите на усните. На тоа место најбрзо почнува да се топи колагенот и се меѓу првите знаци на стареењето. Во својот состав содржат хијалурон, апликацијата им е брза и лесна, се разбира доколку точно се погоди слојот каде треба да се аплицираат. Траат една година и полека се топи нивниот ефект. Одредени фирми имаат специјални филери за контура и волумен на усни, за јаболкници и за длабоки брчки.
  • Најголемата револуција во третмани за нехируршки лифтинг се постигна со продуктите радиес и скулптра. Првиот е дериват на калциум, вториот дериват на млечна киселина. Обата произлезени од природни продукти. Се аплицираат длабоко во целата образна регија, со чудесна способност да дадат ефект на подигање односно лифтинг и пополнување на празнините кои настануваат со топење на масното ткиво и се причина за боцкањето по целата образна регија. Ефектот на овие третмани трае повеќе од две години.
  • Мезоконци, хит третман од најново време кој има ефект на затегање, но уште повеќе на превенција на стареењето и боцкањето. Во кожата се плетат конци во буквална смисла на зборот кои по состав се специјално обработени хируршки конци со ефект на затегање од година дена.
  • Мезотерапијата е третман каде со премногу мали иглички се внесуваат витамини, колаген или разреден хијалурон со цел површинско освежување на лицето. Одличен третман кој се применува десетина дена пред за Вас важен настан, бидејќи лицето буквално светнува, а моментално најновиот и најпопуларниот мезотераписки третман е ПРП третманот, кој покрај што освежува, има силно својство, а делува на површна стимулација на колаген за да се измазни лицето, да се затворат порите, лузните од акни и другите лузни. Чувството е како да сте добиле нова кожа.
  • Моментално најновиот и единствениот апарат за подмладување на лице во светот познат како Clear lift е идеално решение за освежување на лице и врат при појава на први плитки брчки кога сè уште е рано за апликација на ботокс и филери. После само неколку третмани ефектот е извонреден.

После неколку апликации од било кој продукт лицето никогаш нема да се врати во првобитната состојба, туку секој нареден пат ефектот ќе трае подолго и ќе биде потребно помалку продукт. Тоа е бидејќи сите овие продукти имаат згора на сè стимулативно својство да продуцираат нов сопствен колаген кој нема да се стопи туку ќе остане и ќе ја држи Вашата кожа цврста и подмладена многу долг период. Ефектот е природен и долготраен и на крај најважно е што ќе добиете многу комплименти од околината 😊

Убава жена

Доколку при посета на лекар ве опфаќа непријатно чувство на вознемиреност и страв, со самото влегување во пријатниот амбиент на ординација д-р Анчевски со љубезноста и стручноста на персоналот тоа чувство исчезнува, си заминувате насмеани и задоволни. Колку и да Ви звучи необично, третманите се скоро безболни, бидејќи во некои од продуктите има анестетик, а за останатите се аплицира локален анстетик.

Мислам дека Ви дадовме доволно мотивација да направите нешто убаво за себе во претстојниот период пред Новогодишните празници.

Д-р Анета К. Петрушевска
Спец. дерматолог
Ординација „Д-р Анчевски“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19446 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.