Почетна » Новости » Истражувања » Најпосакуваниот секс трае 7-13 минути

Најпосакуваниот секс трае 7-13 минути

Често се дискутира за тоа колку долго треба да трае сексуалниот однос. Експертите сметаат дека денес луѓето имаат нереални сфаќања за тоа колку долго треба да трае сексот.

СексЗа најпосакуван секс се смета сексот што трае од 7 до 13 минути.

„Многу мажи и жени веруваат во фантазијата за секс што трае цела ноќ“ – изјавил Ерик Корти, професор по психологија на познатиот Универзитет Пен Стејт.

Но, по сè изгледа дека секс маратоните не се најпосакувани. Истражување направено од 50 членови на Society for Sex Therapy and Research, кои советуваат и лекуваат парови со сексуални проблеми, дало пореални бројки за времетраењето на сексуалниот однос.

Според овие експерти, сексот што трае 1-2 минути се смета за премногу краток, сексот што трае од 3 до 7 минути се оценува како прифатлив, а сексуалниот однос што трае подолго од 13 минути се смета за премногу долг.

За најпосакуван секс, според нив се смета сексот што трае од 7 до 13 минути.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19460 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.