Стотици статии ги советуваат жените дека за да привлечат еден маж треба да ја покажат својата искрена дружељубива насмевка. И со право се дава тој совет.
Насмевката на жената му покажува на мажот дека таа е среќна што е во негово друштво. Со тоа, таа му го потхранува егото на мажот и го возбудува.
Од друга страна, негативните емоции на жените предизвикуваат паника кај мажите. Кога еден маж ќе здогледа жена што плаче, тој веднаш ќе се запраша: „Каде згрешив?“.
Дури и да знае дека не е крив за ништо, тој ќе испаничи, затоа што обидувајќи се да ја открие причината за солзите, ќе започне да мисли на претходните пати кога видел како плаче неговата партнерка.
Па затоа насмевнете се и привлечете ги љубопитните погледи на посилниот пол.