Почетна » Новости » Истражувања » Мишел Фајфер има најсекси глас меѓу актерките

Мишел Фајфер има најсекси глас меѓу актерките

Еден од најпрепорачуваните совети за заведување на партнерот е зборување на уво со секси тивок глас. И навистина тоа е еден од клучните елементи од процесот на флертувањето и заведувањето.

Ако немате претстава што значи секси глас, истражувачите советуваат да ја слушнете Мишел Фајфер или Анџелина Џоли, затоа што анкета за најзаводливите женски гласови ги постави токму нив на првите две места.

Маж и женаЕден од најдобрите начини за заведување на партнерот е зборување на уво со секси тивок глас.

Истражување во Пенсилванија открило дека кога луѓето покажуваат дека се привлечени од лице од спротивниот пол, тие инстинктивно го снижуваат гласот. За да го докажат тоа, истражувачите на секој учесник му покажале фотографии од 3 лица од спротивниот пол, од кои едното било опишано како „многу привлечно“, второто како „привлечно“, а третото како „просечно привлечно“. Кога требало да контактираат по телефон со најпривлечното лице, учесниците најмногу го снижувале гласот.

Научниците откриле и дека жените ги оценуваат како непривлечни мажите со високи пискави гласови и се привлечени од мажи со длабок машки глас, особено во плодните денови.

Луѓето кои имале поатрактивни гласови пријавиле дека имале повеќе сексуални партнери, започнале со сексуални односи на порана возраст и повеќе изневерувале. Тие се перципираат од другите како попријатни, поискрени, подоминантни и посклони кон постигнување на успех. Со тоа се потврдила тезата на истражувачите за важноста на заводливиот глас за привлечноста.

Топ 10 најсекси гласови на актерки:

  1. Мишел Фајфер
  2. Анџелина Џоли
  3. Скарлет Јохансон
  4. Мелани Грифит
  5. Мерлин Монро
  6. Кира Најтли
  7. Марлен Дитрих
  8. Лорен Бекол
  9. Мириам Маргалис
  10. Кејтлин Тарнер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20793 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.