Почетна » Новости » Истражувања » Жените сакаат самоуверени мажи со монотон глас

Жените сакаат самоуверени мажи со монотон глас

Кога еден маж зборува смирено и со умерен тон, жените тоа го асоцираат со самодоверба и моќ, па затоа и се повеќе привлечени од таквите мажи. Тоа е заклучокот од истражување на Универзитети во Пенсилванија и Калифорнија.

Среќен парЖените сакаат самоуверени мажи кои имаат и покажуваат моќ.

Истражувачите го мереле гласот на мажот во различни ситуации (меѓу кои и симулиран љубовен состанок) и ја споредувале фреквенцијата на гласот со успехот кој мажите го постигнувале на тие состаноци.

Мажите чија фреквенција на гласот варирала најмалку, имале и најголем број сексуални врски.

Академиците кои го спровеле експериментот изјавиле дека холивудските актери Џорџ Клуни и Клинт Иствуд се типичен пример за т.н. „монотони мажи“. Според нив, монотониот глас е знак на моќ, независност и доминантност. Константната фреквенција покажува контрола на ситуацијата.

Мажите кои користеле изрази како „Јас сум посилен и поголем од повеќето мажи“ исто така се радувале на голем успех кај понежниот пол.

Заклучокот е дека сексуалниот успех на мажите зависи како од кажаните зборови, така и од начинот на кој што се изговорени.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20791 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.