Почетна » Новости » Истражувања » Мажите прават сè за да се „покажат“ пред привлечна жена

Мажите прават сè за да се „покажат“ пред привлечна жена

Сигурно многупати имате забележано дека мажите кога се во друштво на привлечни жени започнуваат да прават сè што е во нивна моќ за да се истакнат и да остават впечаток, па многу често се „глупираат“.

Научниците освен што го докажаа тоа, открија и која е причината за однесувањето на мажите. Тие открија дека мажите преземаат поголем ризик со цел да импресионираат привлечна жена, па како резултат на тоа често се засрамуваат или дури завршуваат со повреди.

Маж и две жениМажите понекогаш прават глупави нешта само за да се истакнат пред убави жени.

Промената во однесувањето на мажите е предизвикана од зголемувањето на нивото на машкиот хормон тестостерон, кој што прави мажите да бидат помалку претпазливи – тврдат експерти по психологија од Универзитетот во Квинсленд, Австралија.

За да дојдат до тие заклучоци, научниците анализирале млади скејтери. Во текот на експериментот, додека тие возеле биле набљудувани од мажи и жени. Резултатите покажале дека скејтерите преземале поголем ризик кога биле набљудувани од жена. Нивните ризични обиди довеле до поголем успех, но и до поголем број на грешки и паѓања. Тест на нивната плунка потврдил дека кога биле набљудувани од привлечна жена, во нивното тело било покачено нивото на тестостерон.

Наредниот пат кога некој маж ќе направи глупост обидувајќи се да се истакне пред вас, барем ќе знаете дека тестостеронот е виновен за неговото однесување.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20791 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.