Почетна » Новости » Истражувања » Мажите мислат на секс 13 пати дневно, а жените 5 пати

Мажите мислат на секс 13 пати дневно, а жените 5 пати

МажМажите мислат на секс 13 пати дневно, а во просек имаат односи само 2 пати неделно.

Општо познато е дека мажите често мислат на секс. Постојано на интернет се појавуваат истражувања за тоа колку често мажите помислуваат на сексуален однос.

Овој пат податоците за тоа доаѓаат од истражување на OnePoll (компанија за истражување на пазарот преку интернет). Според резултатите, мажите помислуваат на секс точно 13 пати дневно или 4745 пати годишно. Една третина од мажите признаваат и дека првото нешто на кое што помислуваат наутро е токму сексот.

За разлика од нив, жените признаваат дека мислат на секс само 5 пати дневно, што значи 1825 пати годишно. Истражувањето во кое учествувале 3000 мажи и жени, откри и дека една третина од мажите сметаат дека вечера на свеќи проследена со масажа е најдобриот начин да заведеш жена.

Од друга страна пак, жените најчесто се обидуваат да го заведат својот маж со романтична музика и со приготвување на неговото омилено јадење.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19758 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.