Почетна » Новости » Истражувања » Мажите живеат подолго затоа што сопругите ги тераат на доктор

Мажите живеат подолго затоа што сопругите ги тераат на доктор

Едно истражување во Англија покажало дека оженетите мажи живеат подолго затоа што сопругите ги тераат да одат на доктор. Покрај ова, истражувачите дошле и до заклучок дека мажите и жените кои се во брак почесто практикуваат редовно вежбање, со што си го продолжуваат животот.

Брачен парВеројатноста оженет маж да отиде на доктор е за 6% поголема во споредба со неоженет.

Научниците на Универзитетот во Сари откриле дека веројатноста оженетите мажи да одат на доктор е за 6% поголема отколку кога нема кој да им каже дека треба да се прегледаат. Од друга страна, кај жените веројатноста да посетат доктор е иста без разлика дали се во брак или не.

Студијата покажала и дека кај жените кои се во сериозна врска е за 34% поверојатно дека ќе ја одржуваат својата форма преку физичка активност. Кај мажите пак е 20% поверојатно дека еднаш неделно ќе одат на трчање ако се во брак.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.