Ако сите постојано ви даваат комплименти дека изгледате премладо за своите години, тогаш комплиментите нема да ви бидат единствената награда.
Истражување спроведено во Данска, покажа дека луѓето кои имаат младолико лице живеат подолго. Професорот Кристенсен, кој го предводеше истражувањето, изјави дека за овие резултати постои просто објаснување. Луѓето кои имаат потежок живот најчесто умираат помлади, а нивната мака е рефлектирана врз нивното лице, па затоа делуваат постари, отколку што навистина се.
Во рамките на ова истражување биле набљудувани 1826 близнаци на возраст од 70 години и нагоре. Резултатите покажале дека близнакот кој изгледал помладо, живеел подолго.
Затоа, доколку имате „бебешко“ лице, бидете среќни и радувајте се на својот долг живот.