Почетна » Новости » Истражувања » Жените живеат подобро сами отколку мажите

Жените живеат подобро сами отколку мажите

Иако мажите секогаш се прикажувани како посилниот пол, има некои работи во животот со кои едноставно не можат добро да се справат сами. Една од нив е и самостојно живеење. Тоа го заклучиле истражувачите од Универзитетот во Единбург.

Маж што игра видео игриМажите кои живеат сами почесто имаат финансиски и здравствени проблеми и се чувствуваат поосамени од самостојните жени.

Двегодишното истражување, во кое учествувале мажи и жени од 25 до 44 години, довело до заклучокот дека мажите повеќе страдаат од финансиски и здравствени проблеми ако се оставени сами на себе, отколку жените. Исто така, самостојните мажи се чувствуваат поосамени и заработуваат помалку од претставничките на понежниот пол кои што живеат самостојно.

Овие резултати, а и резултатите од други истражувања (како тоа дека жената има повисок праг на болка), може да нè натераат да помислиме уште еднаш дали мажите навистина го заслужуваат епитетот посилен пол.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.