Почетна » Новости » Истражувања » Луѓето се посебични кога се поблиску до опасност

Луѓето се посебични кога се поблиску до опасност

Страв

Грижата за себе и за сопствениот живот во одредени ситуации ја надминува желбата да им се помогне на другите. Во ситуација на живот или смрт, колку помалку време останува, толку луѓето се посебични, тврдат британските истражувачи.

Тие ги анализирале потонувањата на два големи брода во почетокот на 20 век – Титаник и Лузитанија.

На Титаник му биле потребни околу 3 часа за да потоне, па во тој случај важело правилото „жените и децата први“. И навистина, најголем дел од спасените биле жени и деца. Од друга страна, Лузитанија потонал за помалку од 18 минути, а во такви услови било применето правилото „секој за себе“.

Иако и во двата случаи капетаните издале наредба да биде следен принципот „жените и децата први“, на бродот Лузитанија тој принцип не бил спроведен во пракса. Како резултат на тоа, во случајот со Лузитанија преживеале најиздржливите и најсилните, т.е. луѓето на возраст од 16-35 години.

Истражувачите сметаат дека времето до настапувањето на катастрофата е битен фактор за однесувањето на луѓето кои се во опасност.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19764 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.