Луѓето денес се поотворени за дружење онлајн отколку во реалниот живот. Ново истражување покажало дека луѓето во просек имаат двојно повеќе виртуелни пријатели отколку реални.
Истражувањето нарачано од Cystic Fibrosis Trust открило дека типичниот корисник на друштвените мрежи има 121 онлајн пријатели, а само 55 реални пријатели.

Исто така, податоците покажале дека секој десетти го пронашол својот најдобар пријател онлајн, а исто толку луѓе веруваат дека преку интернетот ќе стекнат вистински пријатели за цел живот.
Истражувачите заклучиле дека луѓето не само што се порасположени за дружење онлајн, туку и се поискрени со своите виртуелни пријатели.
Ви се случило ли кога ќе се запознаете со некого, тој да ви го побара името и презимето за да ве пронајде на Фејсбук, наместо да ви го побара телефонскиот број? Поголем дел од луѓето ќе одговорат потврдно. Во ерата на друштвените мрежи веќе е застарено барањето на телефонскиот број. Така, истражувачите откриле дека само 5% од луѓето би му го побарале телефонскиот број на нов пријател, а 23% би го запрашале за целосното име и презиме за да го пронајдат онлајн.