Почетна » Новости » Истражувања » 88% од луѓето ги шпионираат бившите на Facebook

88% од луѓето ги шпионираат бившите на Facebook

Сте паднале ли во искушение да ѕирнете што се случува во животот на вашиот бивши по раскинувањето и како му оди на љубовен план? Ново истражување покажало дека дури 88% од луѓето не ѝ одолеале на можноста да го шпионираат својот поранешен партнер на социјалната мрежа Facebook.

„Речиси секој се однесува вака, многу е често“ – изјавила авторката на истражувањето.

Шпионирање

Со истражувањето „It’s Complicated: Romantic Breakups and Their Aftermath on Facebook“, Вероника Лукакс, која ги завршила магистерските студии за медиуми на „University of Western Ontario“ во Канада, сакала да открие како вознемиреноста од раскинувањето е поврзана со употребата на Facebook.

„Открив дека без разлика дали постојано сте на Facebook или не, нивото на вознемиреност се менува врз основа на тоа колку го шпионирате бившиот по раскинувањето. Колку повеќе го шпионирате, толку повознемирени ќе бидете. Но, тешко е да се каже зошто. Дали шпионирањето ве прави повознемирени или вознемиреноста ве поттикнува да шпионирате? Сметам дека е по малку и од двете“ – изјавила Вероника.

„Очекував дека бившите партнери кои не се повеќе Facebook пријатели ќе бидат помалку тажни и очајни. Откривме дека точно е токму обратното. Луѓето кои ги избришале од пријатели своите бивши се поогорчени“ – дополнила таа.

Иако истражувањето било мало и вклучувало 107 лица над 18 години кои во изминативе 12 месеци раскинале со некого, се смета дека ваквото однесување е многу често и дека повеќето од луѓето во еден или друг момент ги шпионирале своите поранешни партнери на Facebook.

Еве уште неколку од заклучоците на Вероника:

  • 86,2% од луѓето тврдат дека Facebook е дел од нивното секојдневие;
  • 70% го користат профилот на свој пријател за тајно да го следат бившиот откако го избришале за пријател на Facebook;
  • 61% добиле прашања за раскинувањето откако си го промениле својот статус;
  • 50% избришале фотографии со бившиот;
  • 31% објавиле фотографија со цел да го направат бившиот љубоморен.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.