Машката гордост често им попречува на многу мажи да го изговорат зборот „извини“, дури и кога знаат дека погрешиле, но можеби би се потрудиле повеќе ако знаат дека со тоа го продолжуваат животот на жената.
Научниците откриле дека жените кои добиваат извинување за нечие лошо однесување, страдаат од помалку стрес и доживуваат помало потенцијално оштетување на срцето во споредба со жените кои не добиваат извинување.
Со помош на експеримент истражувачите покажале дека пулсот на жената се враќа во нормала за 20% побрзо, откако таа ќе го слушне извинувањето. Од друга страна, мажите реагираат поразлично. Пулсот на мажите побавно се враќа во нормала по добиеното извинување, затоа што тие се иритираат кога има признание за вина.
Во експериментот учествувале 29 мажи и 59 жени и сите требало да решаваат математичка задача. На почетокот им било кажано дека имаат 5 минути да ја решат, но потоа биле прекинати им било кажано да бидат побрзи.
Во текот на тоа време биле прекинати уште два пати и било побарано од нив да брзаат. На крајот им било кажано „Очигледно не беше доволно добар/а“. Две минути подоцна на половина од мажите и жените им се извиниле.
Врз основа на мерењата на крвниот притисок на учесниците, научниците откриле дека притисокот на жените се враќа во нормала 20% побрзо ако добијат извинување, додека притисокот на мажите се враќа во нормала 20% побавно, откако ќе слушнат „извини“.