Почетна » Новости » Истражувања » Кога се во овулација, жените сакаат мажествени мажи

Кога се во овулација, жените сакаат мажествени мажи

Голем дел од истражувањата имаат за цел да откријат какви промени настануваат во женското однесување за време на овулација и како тие влијаат врз љубовните односи.

Некои од нив покажаа дека мажите ги сметаат мирисот на жената и нејзиниот изглед за многу попривлечни за време на овулација. Други пак покажаа дека жените одат на различен начин и посветуваат повеќе внимание на својот изглед кога се најплодни. Трети, дека жените купуваат најсекси облека и дека повеќе ги привлекуваат мажи со мускули за време на овулација.

Среќен парЖените кога се најплодни се привлечени од мажи кои имаат мажествени црти на лицето

Најновото истражување во оваа област покажа дека кога се најплодни, жените ги привлекуваат мажи кои имаат мажествени црти на лицето (силно изразена вилица, брада и веѓи). И ако нивниот партнер е помалку мажествен, тогаш е многу веројатно тие да се загледуваат по други мажи. А ако нивниот партнер е доволно мажествен, тогаш тие не фрлаат погледи кон други мажи, но не го сметаат својот партнер како повеќе привлечен отколку во другите периоди од месецот.

Во истражувањето учествувале 66 парови. На жените им бил направен хормонален тест за да се одреди периодот од месечниот циклус. Потоа во текот на еден месец тие посетиле лабораторија 3 пати за да одговорат на некои прашања (еднаш во текот на овулацијата, а два пати во периодот кога не биле плодни). Во меѓувреме, мажите биле оценувани за тоа колку мажествено изгледаат нивните лица.

Резултатите покажале дека жените кои биле во врска со партнери со помалку мажествени црти почесто имале сексуални фантазии за друг партнер во оној период од месецот кога биле најплодни. Од друга страна, мажествените мажи не предизвикале поголем сексуален интерес кај своите партнерки.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.