Почетна » Новости » Истражувања » Калинките помагаат во заштитата од рак на дојка

Калинките помагаат во заштитата од рак на дојка

Калинки

Калинките и досега беа нарекувани суперхрана, но сега има уште една причина плус за да ги внесувате почесто во вашата секојдневна исхрана.

Тестовите во лабораторија открија дека супстанцијата наречена елагитанинис (ellagitannins) го блокира создавањето на естроген, кој може да го забрза растењето на ракови клетки.

Истражувањето е објавено од Американската асоцијација за истражувања на ракот. Сепак, експертите сè уште не знаат колку од оваа супстанција е потребна за да има ефект врз човечкото тело и дали тоа количество може да биде внесено само преку исхраната.

Професорот Стонер, кој бил дел од истражувањето, препорачува луѓето да консумираат калинки почесто, како дел од превенцијата за рак на дојка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19758 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.