Еден од најспоменуваните совети за зачувување и подобрување на здравјето е секако редовното пиење на зелен чај.
Постојано се појавуваат нови и нови истражувања кои го потврдуваат полезното дејство на овој пијалок кој потекнува од Кина. Последните истражувања покажаа дека зелениот чај помага во заштитата од деменција и рак.
Научници од Универзитетот Њукасл откриле дека откако зелениот чај ќе се дигестира, се создаваат супстанции кои се уште поефективни во борбата против Алцхајмер и кои исто така се антиканцерогени.
„Зелениот чај се користи во традиционалната кинеска медицина векови наназад, а ние обезбедивме научни докази зошто тој може да биде ефективен во борбата против некои од најлошите болести со кои се соочуваме денес.“
„Постојат многу фактори кои заедно влијаат на болестите како деменција и рак. Добрата исхрана, физичката активност и здравиот начин на живот, сите тие се многу важни. Но, мислам дека е праведно да се каже дека барем една чаша зелен чај дневно е добра за вас и силно го препорачувам тоа“ – изјавил д-р Ед Окело од универзитетот кој го спровел истражувањето.