Почетна » Новости » Истражувања » Зависноста од интернет е поврзана со депресијата

Зависноста од интернет е поврзана со депресијата

Модерниот начин на живот бара секој да користи интернет. Некои го употребуваат често, некои поретко. Некои за да добијат корисна информација и да остварат нови контакти, а други пак за игри и забава.

Истражување спроведено од Универзитетот во Лидс покажа дека постои врска помеѓу времето поминато на интернет и депресијата. Истражувачите откриле дека колку подолго луѓето поминуваат сурфајќи, толку се подепресивни. Тие сметаат дека една од причините за оваа врска е тоа што зависниците од интернет ја користат мрежата како замена за социјалните контакти.

Жена пред лаптоп

Во истражувањето учествувале 1319 мажи и жени на возраст од 16 до 51 година. Меѓу нив биле откриени 18 зависници од интернет кои покажале 5 пати повисоко ниво на депресија, отколку обичните корисници. Зависниците биле на просечна возраст од 21 година и посетувале сајтови за игри, сајтови за порнографски материјали и социјални мрежи.

Врската помеѓу користењето интернет и депресијата е докажана, но она што сè уште не е познато е дали прво настапува депресијата, па потребата за интернет, или пак зависноста од интернет води до депресија.

Поверојатно е да се случува првото, затоа што луѓето кои се депресивни се посклони да си создадат виртуелен живот и да заборават на светот што не е поврзан со интернетот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19764 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.