Почетна » Новости » Истражувања » Жените преферираат мажи во црвено

Жените преферираат мажи во црвено

Отсекогаш се сметало дека црвената боја ги прави жените посекси и попривлечни за машкото око. Но, истражувањата покажаа дека црвеното може да им помогне и на мажите да бидат поатрактивни за понежниот пол.

Маж и жена во барВрската помеѓу црвената боја и сексапилноста важи и кај мажите

За да ја докажат оваа теорија, научниците направиле експеримент во кој 25 мажи и 32 жени за кратко набљудувале црно-бела фотографија од маж во поло маица, опкружен со бела или црвена позадина. Учесниците користејќи скала од 1 до 9 требало да одговараат на прашања како „Колку ти е пријатна оваа личност за гледање?“, „Колку ти е привлечна оваа личност?“.

Резултатите покажале дека жените ги сметаат за попривлечни мажите опкружени со црвено, отколку мажите опкружени со бела позадина.

Во друг експеримент, 55 жени требало да ја оценат привлечноста на мажи кои носеле или црвена или зелена блуза преку набљудување на фотографии во боја. И на крајот на овој експеримент било заклучено дека жените ги оценуваат како попривлечни мажите кои носеле црвена блуза. Учесничките дури и признале дека поголема е веројатноста да имаат секс со мажите облечени во црвено.

Научниците откриле дека иако црвената боја има различно значење во различните држави, насекаде важи тврдењето дека жените се повеќе привлечени од мажи во црвено.

Според други истражувања, жените сметаат дека мажите облечени во црвено имаат повисок статус во општеството од мажите облечени во сино, како и дека оние во црвено се сексуално поатрактивни.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.