Почетна » Новости » Истражувања » Жените носат само дел од облеката што ја поседуваат

Жените носат само дел од облеката што ја поседуваат

Ретки се оние жени кои носат сè што имаат во својот плакар. Многу често ние жените сме склони да купуваме импулсивно и кога ќе дојдеме дома да се каеме за тоа решение. Така, секогаш кога ќе купиме нешто што во домашното огледало „нè прави подебели“, правиме непотребно повеќе гужва во плакарот.

Жена пред својот плакарСкоро сите жени поседуваат барем едно парче облека на кое сè уште има етикета.

Според едно ново истражување, четвртина од жените носат само 10% од својата облека. Дури 91% од жените имаат парче облека на кое не успеале ни да му ја скинат етикетата.

Во истражувањето учествувале 1623 жени на возраст од 18-30 години. Цели 79% од учесничките признале дека купиле нешто, иако уште во моментот на купувањето знаеле дека никогаш нема да го облечат.

Други интересни заклучоци од ова истражување се:

  • 84% од жените признаваат дека чуваат облека која им е премала, со надеж дека еден ден пак ќе успеат да влезат во неа.
  • 46% имаат парчиња облека постари од 10 години и ги чуваат со надеж дека ќе се врати во мода.
  • Само 8% носат сè што имаат во својот плакар, а три од пет жени признаваат дека имаат дупли парчиња облека.
  • Секоја трета жена не го сака својот стил на облекување.
  • Повеќе од половината признаваат дека финансиската ситуација не им овозможува да го одржуваат изгледот кој го посакуваат.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19758 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.