Жените обожаваат да зборуваат. Постојаните разговори со пријателките се дел од женското секојдневие.
Едно ново истражување, спроведено од Borro.com, покажа дека жените одат многу далеку кога станува збор за мобилниот телефон. Со учеството на 4000 жени било откриено дека жените ги сакаат повеќе своите мобилни телефони, од своето момче.
Секоја четврта од десет жени изјавила дека би била потиштена ако го изгуби својот мобилен, додека една третина од испитаните жени признале дека би можеле да живеат среќно без присуство на маж во нивниот живот.
Кога биле запрашани жените кои се најдрагоцените работи за нив, на прво место излегле убедливо мајките, пред фотографиите и најдобрите пријатели.
Истражувањето уште покажа дека драгоцените нешта кај третина од учесничките предизвикуваат искрена насмевка барем 5 пати во денот.
Навистина изненадува податокот дека саканиот на жените доаѓа дури на петтото место во листата на најценети работи. Уште поинтересно е дека поголемиот дел од жените би го промениле својот партнер ако за тоа им бидат понудени 700 000 фунти.
Во топ 10 се најдоа и дијамантски прстен (6-то место), домашното милениче (7-мо место), лаптопот (8-мо место), пресата за коса (9-то место) и чантата (10-то место).