Почетна » Новости » Истражувања » Вареното кафе го намалува ризикот од рак на дојка

Вареното кафе го намалува ризикот од рак на дојка

Жените коишто пијат варено кафе повеќе од 4 пати дневно се изложени на помал ризик од појава на рак на дојка, во споредба со жените што пијат варено кафе поретко од еднаш дневно.

КафеЖените кои често пијат варено кафе се изложени на помал ризик од појава на рак на дојка.

Тоа е заклучокот од истражување на шведскиот универзитет Умеа, а во кое учествувале 64 603 мажи и жени. Истражувачите за првпат го споредувале влијанието на консумацијата на кафе приготвено со две различни техники (варено и филтер) врз појавата на рак.

Резултатите од истражувањето уште покажале и дека кај жените кои пиеле филтер кафе се зголемил ризикот од рана појава на рак на дојка (пред 49 години), а се намалил ризикот од појава на рак на дојка на возраст над 55 години.

Кај мажите, вареното кафе предизвикало зголемување на ризикот од појава на рак на панкреасот и рак на белите дробови.

Разликата меѓу вареното кафе и филтер кафето е тоа што вареното содржи 80 пати повеќе масни киселини специфични за кафето. Истражувањето било спроведено за скандинавското варено кафе, кое по хемиски состав е многу слично со турското.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.