Почетна » Новости » Истражувања » Кафето го заштитува срцето

Кафето го заштитува срцето

Љубителите на кафе можат слободно да уживаат во секоја голтка знаејќи дека кафето ќе им помогне да го заштитат срцето, тврдат научниците.

Кафе

Истражување на одделот на медицинскиот конзорциум Kaiser Permanente во Калифорнија, покажа дека луѓето кои редовно консумираат кафе имаат помали шанси да бидат примени во болница заради нерегуларен ритам на срцето.

Група научници, предводени од кардиологот д-р Артур Клатски, набљудувале 130 054 мажи и жени на возраст од 18 до 90 години. Нивниот заклучок бил дека кај луѓето кои консумирале 4 или повеќе кафиња дневно, ризикот за појава на проблеми со ритамот на срцето се намалил со 18%.

Досега многупати истражувачите докажувале дека кафето го заштитува срцето. Истражување во Мадрид, Шпанија, покажало дека консумацијата на 3 кафиња дневно го намалува ризикот за смртност од срцеви болести кај жените со 25%.

Па, пијте го утринското кафе со мислата дека со тоа му помагате на срцето.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.