Почетна » Новости » Истражувања » 20 нешта за кои најмногу се каеме во животот

20 нешта за кои најмногу се каеме во животот

Жалите ли што не сте имале можност да патувате почесто? Посакувате ли да имавте друга кариера? Се каете ли што не сте ја изразиле својата љубов кон некој што веќе не е на овој свет? Речиси не постои личност која не би променила барем неколку нешта во својот живот кога би можела да се врати назад во времето.

Тажна жена

Ново истражување покажало дека луѓето жалат за своите постапки од минатото во просек по 19 минути дневно. По два часа неделно луѓето мислат на работите кои би ги направиле поинаку кога би имале шанса.

Се прашувате што ги мачи најмногу? Луѓето најмногу жалат дека:

  1. Не патувале почесто и не виделе повеќе места во светот.
  2. Не одржуваат контакт со повеќе пријатели од минатото.
  3. Вежбаат малку.
  4. Не заштедуваат доволно пари.
  5. Започнале да пушат.
  6. Не вложувале повеќе труд на училиште.
  7. Се насочиле кон погрешна кариера.
  8. Си трошеле години од животот со погрешен партнер.
  9. Консумираат нездрава храна.
  10. Не ги прашувале повеќе своите баба и дедо за нивните животи додека биле живи.
  11. Не научиле солидно да зборуваат одреден странски јазик.
  12. Не поминуваат доволно време со семејството и пријателите.
  13. Не му кажале „Те сакам“ на близок роднина кој сега е починат.
  14. Консумираат премногу алкохол.
  15. Не прифатиле предизвик на кој се наидува еднаш во животот.
  16. Не научиле да свират на музички инструмент.
  17. Се скарале со пријател, а потоа не се обиделе да ги поправат односите.
  18. Избрале погрешни предмети на училиште или на факултет.
  19. Не му се спротивставиле на некој што ги малтретирал.
  20. Не си одделиле една година за патување и „пауза“ од животот.

Истражувањето било направено од хуманитарната организација „British Heart Foundation“, а во него учествувале 2.000 возрасни лица.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.