Секоја од нас добро знае што значи ПМС. Хормоните ни вријат и нервозата секој ден расте и расте до момент кога мислиме дека ќе избувнеме како вулкан. Дури и да не се работи за ПМС, на секој му се случува некогаш да врие од бес.
Кинезите веќе измислија нова антистрес терапија – кршење на предмети, но не дома за потоа да жалите, туку во специјална продавница.

Во трговски центар во Шенјанг е отворена специјална продавница каде што жените можат да го истурат својот бес врз домаќински апарати со помош на безбол палки. Тоа е совршен начин за жените да се ослободат од притисокот што го чувствуваат врз себе и од лошото расположение.

Менаџерот на трговскиот центар изјавил за People's Daily дека целта на оваа продавница е кога жените одат во неа да се чувствуваат како дома, но да не чувствуваат никакви ограничувања. На жените им е дозволено да скршат сè што ќе посакаат.
Сите предмети во продавницата се вистински, купени на старо, а на жените им е дозволено да кршат колку што можат во рок од 1 „луда минута“.
За оние кои сакаат добро да се „издуваат“ има и кациги и ракавици за да се заштитат од несакани повреди. Во продавницата е забранет влезот за мажи.

Баш би било добро да се отвори барем една ваква продавница и кај нас за да можеме брзо да ѝ кажуваме збогум на фрустрацијата.