Шефовите знаат да бидат строги и неретко привлекуваат омраза од своите вработени. Но, многу лоши шефови изгледаат како ангели во споредба со Кинез од козметичка компанија кој ги принудил своите вработени да лазат пред очите на стотици случајни минувачи.
Контроверзниот настан ги обиколи кинеските медиуми и предизвика бура од негативни реакции. Работодавачот со нечовечки однос сакал да ги тестира вработените дали издржуваат кога се под притисок. За жал, единствениот тест кој го смислил вклучувал понижувачко лазење додека стотици минувачи фотографирале и исмејувале.
Додека траела „вежбата“, била повикана полиција, која ги растерала минувачите и само упатила критики кон шефот.
Фотографиите и видеото предизвикаа бројни негативни коментари. Освен што најостро го критикуваат односот на шефот, многумина се согласуваат дека би избрале невработеност, пред вакво понижување.