Новак Ѓоковиќ оддели кратко време од својот одмор на Корчула за на една група деца да им подари драгоцен спомен.
Српскиот тенисер се поздрави со децата, а потоа играше на улица со нив на импровизирано игралиште, на кое клупите беа мрежа. Фотографиите од слатката случка сега се споделуваат на социјалните мрежи и му носат само комплименти на успешниот спортист.
Ноле замина на одмор во Хрватска и Црна Гора по поразот на Вимблдон од Карлос Алкараз.